На МСУ во Свети Николе се одржа 50-ти јубилеен тракторски натпревар на средните стручни училишта

На 12 мај 2022 година (четврток) се одржа 50-ти јубилеен тракторски натпревар на средните стручни училишта. Натпреварот се одржа на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе, а каде домаќин беше СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе заеднички со Меѓународен Славјански Универзитет. На натпреварот учествуваа учесници од 10 средни училишта од Република Северна Македонија и имаше 128 ученици и 60 ментори по дисциплини.

Натпреварувачите се натпреваруваа во неколку категории:

  • вешто возење и орање
  • препознавање на коски и органи
  • препознавање на семиња и плевели
  • калемење
  • аранжирање на цвеќе
  • органско производство

Просториите на МСУ беа адаптирани согласно правилникот за потребите на дисциплините, а додека полигонот за вешто возење беше на површините на СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе.

Овој настан е една од помасовните манифестации на кои учениците можеа да ги покажат своите знаења и вештини. Во рамките на натпреварот се одржаа и презентации на монографии и проекти реализирани од повеќе училишта.

Им честитаме на најдобрите и им посакуваме успешна иднина!


https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет