Нашето кино Киноверзум е партнер на 9. издание на Киненова – меѓународен филмски фестивал

Киноверзум, ланецот кина на Меѓународен Славјански Универзитет, е партнер на 9. издание на Меѓународниот Филмски Фестивал – Киненова кој се одржува од 15. до 20 октомври во Скопје. Изразуваме благодарност до директорот на фестивалот Небојша Јовановиќ за успешната соработка со Киноверзум и ја поздравуваме неговата посветеност која придонесе за успешно организирање на ова значајно издание.



На свеченото отворање кое се одржа во кино Фросина на 15. октомври австрискиот режисер Улрих Зајдл беше награден со престижната награда Златна грива за исклучителен придонес во филмската уметност. Со гордост најавуваме дека сите останати настани, вклучувајќи го и затворањето на настанот, ќе се одржат во Киноверзум во Кисела Вода, во Домот на културата ,,Билјана Беличанец”.

Годинава фестивалот носи инспиративна тема – „Што е прво: Филмот или приказната?“ – отворајќи простор за истражување на врската помеѓу раскажувањето и визуелната уметност. Фестивалот беше отворен со македонскиот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски, првиот долгометражен анимиран филм во Северна Македонија.

Ги покануваме сите љубители на филмот и уметноста да ни се придружат на овој незаборавен настан и да бидат дел од филмското патување исполнето со инспирација и креативност.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет