Покана за онлајн трибина „Криза во културата и/или култура во кризата”

Почитувани,

Ве покануваме да земете учество на онлајн трибина „Криза во културата и/или култура во кризата”. На 29-ти март во 20:00 часот премиерно започнува серијалот „Криза во културата и/или култура во кризата”, посветен на театарот – значајна карика во културата како тоталитет, по повод Светскиот ден на театарот (27-ми март). „Криза во културата и/или култура во кризата” е циклус на онлајн трибини посветени на културата.

Првата трибина ќе се одржи на 29-ти март, со почеток од 20:00 часот. Темата за првата трибина ќе биде театарот. Во прилог е Zoom линкот преку кој можете да се регистрирате и да се вклучите на настанот. Исто така, во прилог е и линк до настанот на Фејсбук.



Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин”, како домаќин на настанот, ја има таа чест, своите реномирани гости и препознатливи имиња од тетарската уметност, да ги потикне во име на љубовта кон театарот да проговорат за своите театарски искуства.

  • Благоја Чоревски Чоре, филмски и телевизиски актер, актер во Драмски театар од 1971 година.
  • Сулејман Рушити, доцент, надворешен соработник во Тетовскиот Универзитет. Режисер во гостиварскиот театар.
  • Сашко Коцев, театарски, филмски и телевизиски актер, стендап комичар и водител, вработен во МНТ
  • Софија Ристевска Петрушева, театарски режисер, вработена во НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” Велес, и сопственичка на приватниот Интимен Театар Битола.
  • Катерина Шехтанска, дипломиран актер и поранешна балерина, вработена во Драмски театар.
  • Марјан Георгиевски, актер, театарски режисер и стендап комичар.

Aвтор на проектот: проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директор на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин”.

Модератор на настанот: Татјана Алексиќ, професор по македонски јазик во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин”.



Имајќи предвид дека се наоѓаме во една криза предизвикана од КОВИД-19, време е да се насочиме кон истражување на културата како тоталитет.

Фактот дека културата се наоѓа во своевидна криза или кризата води кон (не)културна индустрија повикани сме како Институт за култура и уметност при МСУ да се вклучиме во истражувањата, толкувањата, анализите за одредување на природата на културните феномени, нивното место и улогата во човековиот општествен и индивидуален живот, посебно во време на егзистенција (човечка, психолошка, економска, културна, здравствена, етичка, морална, универзална).

Токму во овој контекст, кога се чувствува криза во културата на сите нивоа, културата означува и градење на сопствената личност и во било какви услови.

Циклусот онлајн трибини подразбира сестрано вклучување на културните работници од сите дејности од земјата и од странство.

Нашата интенција е насочена преку транспарентност и афирмација на мислењата на оние кои се (ин)директно вклучени во градењето на културата да и го вратиме достојното место на културата, т.е. да ја одржиме и зачуваме како највиталниот дел во иднината на човековото егзистирање.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет