Покана за предавање: „Психосоцијални аспекти на онколошките заболувања“


Меѓународен Славјански Универзитет организира стручно предавање на тема „Психосоцијални аспекти на онколошките заболувања“. Предавач е м-р Розита Андонова, психолог и психотерапевт од ЈЗУ Општа болница Гевгелија, која преку своето професионално и долгогодишно искуство ќе сподели практични знаења и насоки за работа со оваа категорија пациенти.

Предавањето ќе се реализира на Меѓународен Славјански Универзитет и ќе биде насочено кон разбирање на психолошките реакции кај онколошките пациенти, со цел унапредување на поддршката што им се обезбедува, како и развивање практични вештини кај студентите по психологија и идните здравствени работници. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со современи пристапи во психосоцијалната грижа, како и со значењето на интегрирањето на менталното здравје во третманот на пациентите со онколошки заболувања.

Настанот се реализира во рамки на глобалната иницијатива World Psycho-Oncology Day 2026, поддржана од International Psycho-Oncology Society, чија цел е подигнување на свеста за важноста на психосоцијалната поддршка во онколошката грижа и нејзино интегрирање во современите здравствени системи.



Локација и термин


Предавањето ќе се одржи на 8 април 2026 година (среда) со почеток во 11:00 часот, на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе.


Апликација


Сите заинтересирани имаат можност да се пријават за учество на предавањето преку следнава апликација:

[quform id=”130″ name=”Пријавување за предавање Психосоцијални аспекти на онколошките з”]


 

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет