Седма година го организираме нашиот Новогодишен фестивал и базар! Новогодишниот фестивал и базар ќе се одржи на 22 и 23 декември, секој ден од 18:00 до 22:00 часот на Меѓународен Славјански Универзитет и Киноверзум во Св. Николе.
Со најбогата програма досега, годинава ќе ги прикажуваме и најновите филмски хитови во нашето 3D кино – Киноверзум. Подготвуваме разни типови на забавни активности, повеќе фото-зони, вечер на вино и уметност, како и театарски претстави. Влезот на базарот е бесплатен, но за некои од активностите ќе се наплаќаат влезници.
Финалната програма ќе биде објавена кон средината на декември. Доколку имате супер идеи и предлози за програмата, или би сакале да се вклучите, Ве молиме контактирајте не на bazar@msu.edu.mk.
Што обезбедуваме ние за ракотворците?
- Бесплатен штанд за изложување на ракотворби;
- Два часа за подготовка на штандот пред почеток на базарот;
- Сертификат за учество;
- Златна плакета за најдобро декориран штанд (ќе биде избран еден штанд со гласање од посетителите).
Што се очекува од Вас?
- Да бидете присутни во договорениот термин.
- Да ги поставите Вашите ракотворби на штандот.
- Да го декорирате штандот во духот на новогодишните и божиќните празници.
- Да се забавувате!
Организаторот на фестивалот го задржува правото да прави измени во распоредот на штандовите без претходна најава. Со пополнување на апликацијата Вие се пријавувате за учество и се согласувате со условите на базарот. Вашето учество ќе биде потврдено телефонски, од страна на нашите вработени. За повеќе информации можете да не контактирате на bazar@msu.edu.mk.
Апликација

