
По повод 27-ми март – Светскиот ден на театарот, во Свети Николе започна нов Меѓународен театарски фестивал „Билазора“. Денес граѓаните на Свети Николе ја проследија претставата „Женски разговори“ во изведба на Народниот театар „Бора Станковиќ“ од Врање. Иницијатор и организатор на фестивалот е Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“...

