
Денес во Конференциската сала на Ресторан Москва беше отворена изложбата „Реинкарнација“ од Димитар Лазов – ЛАВ. Ова е единаесетта по ред самостојна изложба од светиниколскиот уметник, кој досега има учествувано и на повеќе меѓународни ликовни колонии во Македонија, Србија и Бугарија. Сликите ќе бидат изложени во Изложбениот хол на Славјански во Свети Николе.

