На Славјански одбележана руската Прочка – МАСЛЕНИЦА

Во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, свечено беше одбележана Масленица – руската Прочка.

Настанот, на кој присуствуваа околу 400 граѓани од повеќе градови на Северна Македонија, беше во организација на нашиот универзитет, Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и на Сојузот на друштвата за македонско-руско пријателство.

На прославата настапија рускиот вокален ансамбл „Чајка“, учесници од меѓународниот натпревар „Романсиада 2015“ во Москва и танцовата група Life Vital – Скопје.

Традиционално беше запалена сламена кукла, а потоа сите гости беа почестени со палачинки зготвени на руски начин.

10470827_1146002065410538_1971977157909723957_n12814723_1146001032077308_7792294726016867988_n10388109_1146002718743806_8200619695207671963_n10533996_1146003862077025_7585578668172988559_n12805945_1146003348743743_657415999380570158_n10295777_1146000702077341_423632396116068997_n

Leave a Reply

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет