Поетот Василе Димески е добитник на наградата „Державин“ за 2017 година

Наградата „Державин“ се доделува за најдобра стихозбирка објавена во периодот од јули 2016 до јули оваа година. Високото признание Димески го доби за поетската книга „Ноќва душава си ја изедов“, објавена во издание на „Матица македонска“.

Одлуката за наградата, што ја доделуваат Друштвото на писателите на Македонија и Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе, едногласно ја донесе комисијата во состав: Иван Чаповски (претседател), Стојан Тарапуза и Паскал Гилевски.

Жирито оценува дека новата поетска книга на Василе Димески се одликува со кохерентност и постапност во развивањето на епската слика, со што во својата интегралност таа се прима како поема со тревожни акценти на соочувањето со драмата на постоењето и подвигот да се остане над таквата ситуација.

„Стихозбирката ’Ноќва душава си ја изедов‘ од Василе Димески освојува со својата енергија и импулсивност, со свежината на кажувањето и со својата оригиналност како поетски проект. Станува збор за книга мудра, длабока и едноставна“, стои во одлуката за доделување на наградата „Державин“.

Свеченото врачување на наградата „Державин“ на Василе Димески ќе се одржи во Битола на 12 октомври, во организација на ДПМ и на Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“, кој е донатор на паричниот износ за ова признание.

Василе Димески, годинава одбележа 70-годишен животен јубилеј и 50 години творечка дејност. Автор е на 14 поетски книги, кои имаат свое место во поновите текови на современата македонска поезија. Живее и создава во Прилеп, соопшти Друштвото на писателите на Македонија.

Leave a Reply

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет