Проф. д-р Јордан Ѓорчев зема учество на научната конференција „Образование во XXI век во состојба на неизвесност: традиционализам, иновации, мулти-векторност на развојот“

Денес проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ зема учество на научната конференција „Образование во XXI век во состојба на неизвесност: традиционализам, иновации, мулти-векторност на развојот“.

Конференцијата е организирана од нашиот партнерски универзитет – Липецкиот државен педагошки универзитет од Липецк, Русија.



Воведни говори имаа ректорката на Липецкиот државен педагошки универзитет, проф. д-р Нина Федина, раководителот на Одделот за образование и наука на Липецката област, Лилија Загеева и деканот на Педагошкиот факултет при Југозападен универзитет „Неофит Рилски“ – Благоевград. Бугарија, проф. д-р Јанка Стоименова.

Проф. д-р Јордан Ѓорчев го презентираше научниот труд „Иновациски процеси во образованието“, чиј коавтор е проф. д-р Ѓорѓина Ќимова, професорка на група предмети на Факултетот за психологија при МСУ.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет