Се одржа предавањето „Глобалните менаџери и економската дипломатија“

„Глобалните менаџери и економската дипломатија“ беше деветтото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД – Штип.

„Глобалните менаџери и економската дипломатија“ се одржа на 24 јуни 2021, со почеток од 20:00 часот и имаше над 230 учесници. Предавачи беа:

  • проф. д-р Шеќеринка Ивановска, декан на Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и професор на група предмети во областа меѓународен менаџмент и меѓународна економија
  • Неговата екселенција амбасадорот Веле Трпевски, искусен познавач на економската дипломатија
  • Адвокат м-р Мимоза Салтирова, адвокат со иксуство во економска дипломатија


Преку вистински примери разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат глобалните менаџери – начинот на подготовка за интернационална работа, средба со нова култура и нов јазик, промени во кариерата и личниот живот итн.

Во агендата беа опфатени следниве точки:

  • Економската дипломатија како интегрален дел на надворешната политика
  • Деловната комуникација во меѓународната економска дипломатија
  • Развој на економската дипломатија
  • Предизвици на економската промоција и потребата за адаптација и флексибилност во пристапот согласно условите на пазарот
  • Културните разлики во економската диопломатија и организирање бизнис состанок


Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет