Врачени сертификатите од втората обука за CNC програмери и оператори во Свети Николе

Институтот за инженерска економија при Меѓународниот Славјански Универзитет и CNC академијата од Босна и Херцеговина по вторпат организираа обука за CNC програмери и оператори. Викендов на нашиот кампус во Свети Николе во просториите на CNC академијата се одржаа часовите од практичниот дел. Практичниот дел се состоеше од пуштање на машина и изработка на модел. Секој кандидат изработи посебен 3D модел.

По успешно завршената обука и полагање на испитот на учесниците им беа врачени сертификати. На лицата кои ја посетуваа обуката им беа врачени и подароци – дрвени играчки изработени на CNC машина. Сертификатите и подароците ги врачија проф. д-р Љупчо Вчков, директор на Институтот за инженерска економија при МСУ и Лејла Салкиќ, предавач на обуката.


https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет