Успешно одржан Осмиот меѓународен филозофски дијалог: „Исток -Запад“

На 6 и 7 декември 2023 година се одржа Осмиот меѓународен филозофски дијалог: „Исток-Запад“ во организација на МАНУ, Меѓународен Славјански Универзитет, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофското друштво на Македонија.

„Филозофијата и глобалните проблеми“ беше главната тема на осмиот Меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“ кој се одржа онлајн а учествуваа 15 филозофи и истражувачи од седум земји: Романија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, САД, Грција и Македонија.

Меѓународниот филозофски дијалог „Исток-Запад“ за првпат се одржа во 2015 година, кога по предлог на британскиот филозоф Стивен Прист беше организиран првиот тридневен симпозиум на тема „Наука и религија“.

Во годините кои следеа беа обработени повеќе теми:

  • „Правото меѓу политиката и етиката“ (2016),
  • „Филозофија на образованието & филозофија во образованието“ (2017),
  • „Биоетиката на крстопат“ (2018),
  • „Кризата на идејата за Европа“ (2019),
  • „Филозофија на меморијата“ (2021),
  • „Наследството на античката филозофија како мост меѓу Исток и Запад“ (2022).


 

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет