Продолжуваат обуките за инспекциски служби од Источниот и Североисточниот регион во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет

Во конференциските простории на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе се реализира четвртиот ден од специјализираната обука за комунални инспектори, овластени инспектори за животна средина и претставници на други општински служби од Источниот и Североисточниот регион. На настанот присуствуваше и проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, кој изрази поддршка за значењето на практичната едукација и регионалната соработка во доменот на заштитата на животната средина.

Овие обуки се дел од проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад“ (NEAR/SKP/2022/EA‑RP/0137), финансиран од Европската Унија преку ИПА II програмата, а спроведуван од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и конзорциумот ENVIROPLAN – WEGlobal.



Во активностите активно се вклучени и студенти од студиските програми Управување со отпад и Заштита при работа, со што се овозможува практична примена на академските знаења во реални инспекциски и еколошки процеси.

Обуката ги опфаќа следниве теми:

  • Законска рамка и класификација на отпад
  • Инспекциска методологија и надзор на собирање и транспорт
  • Работа на трансфер станици, зелени пунктови и постројки за рециклирање
  • Механичко-биолошки третман на отпад
  • Управување со депонии и стандарди за здравје, безбедност и заштита на животната средина

Предавачите од Македонија, Србија и Грција споделија експертски знаења и регионални искуства, а учесниците демонстрираа високо ниво на ангажираност преку интензивна интеракција, размена на професионални предизвици и практични искуства од терен.

Овој процес претставува значаен чекор кон јакнење на институционалните капацитети и унапредување на инспекциските практики на регионално ниво.

Во следната фаза од обуката ќе се реализираат теренски активности, практична примена на напредни инспекциски техники и студии на случај – со што се продолжува градењето на професионална и компетентна инспекциска мрежа, подготвена да одговори на современите предизвици во управувањето со отпад и заштитата на животната средина.

previous
Денови на психологија - 2023

Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/msuedumk/public_html/kultura.msu.edu.mk/wp-content/themes/celeste/views/prev_next.php on line 36
next
Повик за учество на Петтата меѓународна научна конференција
https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет