Меѓународен Славјански Универзитет на настан по повод Меѓународниот ден на Ромите

На 8 април, по повод Меѓународниот ден на Ромите, генералниот секретар на Меѓународен Славјански Универзитет, доц. д-р Мартин Ѓорѓиев, учествуваше на централната манифестација, организирана од Кабинетот на г-дин Шабан Салиу, министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, која се одржа во Park by Ragusa Group.

На настанот обраќање имаа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, како и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Африм Гаши.

Настанот обедини клучни институционални и општествени чинители, отворајќи простор за стратешки дијалог и зајакнување на соработката во насока на создавање поинклузивно и поправедно општество.

Со присуство на претставници од дипломатскиот кор, амбасадори, министри, директори, градоначалници, пратеници, како и бројни гости и припадници на ромската заедница од целата држава, но и Роми од Турција, Србија, Албанија, Бугарија, Косово и други држави, настанот доби значајна меѓународна димензија.



https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет