Амбасадорот на Република Австрија во посета на МСУ во Свети Николе

Меѓународен Славјански Универзитет имаше чест да биде домаќин на неговата екселенција, амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер на кампусот во Свети Николе.

Со особена гордост беа презентирани уметничките дела што ќе бидат изложени во новите простории на Амбасадата на Република Австрија, насликани од претседателот на управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, како и делата на уметникот Боре Минов.

На средбата присуствуваше и Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор на МСУ. Средбата помина во исклучително пријатна, конструктивна и пријателска атмосфера, во духот на продлабочување на културната соработка.



 

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет