Петтото кино на Киноверзум официјално започна со работа во Драчево

Со свечено отворање во Драчево, Киноверзум го прошири своето присуство со петта кино-сала и втора локација во Општина Кисела Вода. Настанот беше отворен со обраќање на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска, во присуство на вицепремиерот Љупчо Димовски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Новото кино започна со прикажување на филмот „Приказната за Силјан“ (2025) – првиот македонски филм на National Geographic. Присуството и обраќањето на режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски дополнително ја нагласија културната и уметничката тежина на настанот.



Киноверзум е основан од Михаела Ѓорчева и започна со работа во 2019 година како проект на Меѓународен Славјански Универзитет, со јасна визија – да создаде простор каде што образованието, уметноста и заедницата се поврзуваат. Денес, со пет активни кина, овој проект претставува пример како академската институција може директно да придонесе во културниот и општествениот живот.

Меѓународен Славјански Универзитет континуирано стои зад иницијативи што создаваат културна вредност и интелектуална средина за младите генерации. Затоа што образованието и културата одат рака под рака – и заедно ја обликуваат иднината.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет