HomeAuthor

KULTURAMSU

На 24-ти мај беа доделени наградите од Конкурсот за средношколски есеи. Доделувањето на наградите се одржа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе. Од пристигнати вкупно 206 есеи напишани од 170 талентирани автори, жирито ги издвои следниве победници: 1 место – Мартин Миљев – СОУ „Љупчо Сантов“, Кочани – „Човекот – тоа сум јас“ Златна...

Повеќе од 11.000 посетители присуствуваа на мото собирот во Свети Николе, кој беше домаќин на моторџии од 13 европски земји со над 2000 мотори. Посетителите можеа да се забавуваат на традиционалните бајкерски игри, влечење јаже, буткање на рака… Мото собирот заврши со настапот на легендарниот Бора Чорба, а настапуваше и македонската група Hotline. Настанот беше...

Во Санкт Петербург со голема Сесловенска трпеза заврши јубилејната Сесловенска конференција, каде земаа учество повеќе од 220 делегати од сите словенски земји. Од 26-ти мај до 3-ти јуни на бродот „Кнегиња Анастасија“ се одржа јубилејната Сесловенска конференција, која за првпат се има одржано во Русија, 1867-мата година. На конференцијата беа присутни делегати од сите словенски...

Матурантите од СОУ „Добри Даскалов” од Кавадарци, денес уживаат во својата заслужена екскурзија низ Охрид.  Имено, нивната фотографија имаше собрано најголем број на лајкови од сите фотографии од презентации кои Славјански ги правеше низ училиштата во Р. Македонија со хаштагот #госакамславјански. Веруваме дека оваа екскурзија ќе им остане во долго сеќавање.

Маестрална музичко-поетска вечер беше одржана во Битола, во организација на Славјанскиот универзитет по повод 180-годишнината од смртта на А. С. Пушкин. Брилијантната Марина Коруновска од Битола, мецо-сопран, изведе вкупно 9 композиции на текст од Пушкин и музика од најпознатите руски композитори, кои беа одлично отсвирени од Андријана Думевска, како вокален корепетитор. Целокупниот впечаток го надополни...

Во периодот од 24-ти до 29 август делегација од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ зема учество во неколку настани организирани од Matica slovenská, Словачка.   Нашата соработка произлезе по одржувањето на Јубилејната сесловенска конференција во мај, 2017, а бевме поканети од страна на претседателот на надзорниот одбор на Млада Матица, д-р Питер Швантнер, со...

Наградата „Державин“ се доделува за најдобра стихозбирка објавена во периодот од јули 2016 до јули оваа година. Високото признание Димески го доби за поетската книга „Ноќва душава си ја изедов“, објавена во издание на „Матица македонска“. Одлуката за наградата, што ја доделуваат Друштвото на писателите на Македонија и Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети...

Од денес во Македонија во продажба се пуштени иновативни боенки кои ги инспирираат децата да започнат да се занимаваат со креативни активности. Станува збор за Смарт боенки, кои може да се користат заедно со специјално дизајнирана апликација која е наменета за смартфони и таблети, преку која оживуваат ликовите од боенката. Апликацијата ја детектира страницата од...

Од Битола денес полетаа стотина бели хартиени гулаби во знак на мирот.   Акцијата „Гулаб на мирот“ која беше организирана од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола е посветена на Меѓународниот ден на мирот. 

Денес во Свети Николе се одржа Првиот Олдтајмер собир, организиран од олдтајмер клубот „Свети Николе“. Дождот направи неколку промени во нашите планови, но на крајот сe испадна добро. ✅   Поради лошите временски услови најавениот концерт на групата Троја беше откажан кратко по почетокот, а доделувањето на наградите се одржа во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет...

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет