Битола: реализиран курсот на тема “English for Higher Education Academics“ заедно со Atlas Language School од Даблин, Ирска

Меѓународен Славјански Универзитет во Битола исто така беше домаќин на курсот на тема “English for Higher Education Academics“, организиран од Atlas Language School од Даблин, Ирска. Курсот се одржуваше во 2 дена – 22 и 23 февруари 2024.

Иако оригинално наменет за предавачи во високообразовните установи, во Битола курсот имаше уникатен додаток – присуство на студенти на предавањата, што овозможи да се развие дискусија и студентите директно да дадат повратни информации на предавачите и да ги споделат своите искуства.Студентите ги споделија своите интереси и предизвиците со кои се соочуваат во образовниот процес, што придонесе кон поголемо разбирање на нивните потреби. Оваа интеракција не само што ја збогати дискусијата, но истовремено им овозможи и на предавачите да добијат директен увид во ефектите од нивните методи на предавање.

Предавач на курсот повторно беше Пол Финерти, Еразмус+ координатор и предавач од Atlas Language School, кој на предавањата се фокусираше на изговорот и различните техники за одржување на предавања. Особено внимание беше посветено на примената на вештачката интелигенција во образованието и нејзиното влијание на академскиот интегритет, тема која предизвика значителен интерес и дискусија помеѓу учесниците.



https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет