Меѓународен Славјански Универзитет се приклучи на иницијативата „Да го заштитиме нашето Водно“

Меѓународен Славјански Универзитет се приклучи на иницијативата „Да го заштитиме нашето Водно“, организирана од Противпожарниот сојуз на Град Скопје и ЈП „Национални шуми“, со цел подигнување на јавната свест за превенција од пожари и заштита на природните богатства.



Како високообразовна институција којашто ја реализира студиската програма Безбедност од пожар, Универзитетот активно ги поддржува сите активности насочени кон унапредување на превентивните мерки за заштита на шумските предели и одговорно однесување кон животната средина.



Преку своето учество во ваквите иницијативи, Меѓународен Славјански Универзитет ја потврдува својата определба за општествена одговорност и придонес кон создавање побезбедна и поодржлива заедница.



Едукацијата, превенцијата и заедничката одговорност се темелите врз кои се гради ефикасна заштита од пожари и зачувување на природните богатства за идните генерации, па токму затоа, Универзитетот и понатаму ќе биде активен поддржувач на вакви општествено значајни активности.


The post Меѓународен Славјански Универзитет се приклучи на иницијативата „Да го заштитиме нашето Водно“ appeared first on Меѓународен Славјански Универзитет.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет