Меѓународен Славјански Универзитет учествува на одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа

Проф. д-р Марија Гроздановска и доц. д-р Мартин Ѓорѓиев од Меѓународен Славјански Универзитет земаа активно учество на настанот посветен на Европската недела за безбедност и здравје при работа, кој се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Настанот беше организиран од Министерството за економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа, Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје и здруженијата на стручни лица за безбедност при работа. Централна тема на програмата беше промоцијата на добри практики преку претставување на резултатите од националното рангирање на компании кои успешно ги имплементирале системите за безбедност и здравје при работа.



Присуството на претставниците од Меѓународен Славјански Универзитет претставуваше можност за размена на искуства, следење на современите стандарди и продлабочување на академскиот ангажман во оваа значајна област. МСУ е една од ретките високообразовни институции во земјата која нуди специјализирана студиска програма за Безбедност при работа, со што активно придонесува во подготовката на стручни кадри и унапредување на практиките за заштита и здравје на работното место.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет