Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет објавува ликовен конкурс за почетокот на пролетта и празникот Масленица. Овој конкурс е наменет за развој на творечкиот потенцијал на децата, нивно ангажирање за творечка работа заедно со родителите, а исто така и за развој на нивното креативно размислување. Идејата е да ги стимулираме талентираните деца на територијата на Република Северна Македонија во областа на уметничкото творештво и да ја поттикнеме заинтересираноста на децата за руските и македонските народни традиции.
Конкурсот се одржува по иницијатива на здруженијата „Цивитас“ и „Евроазија“ и проектот „Руски низ игра“, а организатор е Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Кој може да се пријави?
На конкурсот можат да се пријават сите на возраст од 5 до 17 години. На конкурсот можат да се приjават и здружениja на граѓани, клубови и дневни центри за лица со попреченост (без возрасни ограничувања).
Кои се условите за учество на конкурсот?
Темата на трудот да биде инспирирана од пролет, традиции на Масленица, палачинки, сонцето, лицето на зимата што заминува.
- На конкурсот се примаат трудови направени на секој вид хартија, картон и сл, и во било која техника (акварел, гваш, боички, пастел итн.). Трудовите децата ги праваат самостојно или под раководство на родителите, педагози и тн. Секој учесник може да учествува на конкурсот само со едно дело.
- Дела кои веќе учествувале на други конкурси не се дозволени.
- Фотографиите од делата треба да бидат со добар квалитет, висока резолуција и со читливи податоци за авторот.
Сите трудови се проверуваат за плагијат на интернет.
*Делото кое не ги исполнува горенаведените услови нема да учествува на конкурсот
Освен делото, дали е потребно да се достават дополнителни информации?
Секое дело треба да содржи информации за авторот: име, презиме, возраст на авторот, име на делото, град и училиште, име на раководителот.
Информациите се доставуваат заедно со делото.
Како ќе се организира конкурсот?
Конкурсот се организира онлајн и по завршување на истиот ќе бидат објавени победниците.
Делата се доставуваат како фотографии во порака на Фејсбук страната на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Во пораката треба да се наведат и податоците за авторот.
Потоа, ние ги објавуваме делата што пристигнуваат на истата Фејсбук страница. При објавување на делото го објавуваме името на делото, името на авторот и раководителот, возрасната категорија и градот.
Кои се критериумите за селекција на делата и како ќе се оценуваат истите?
Жирито ќе ги оценува делата според следните критериуми:
- соодветност на темата – 20%
- техника на реализирање на делото – 30%
- оригинална идеја – 30%
- емоционална експресивност на делото – 10%
- реакции на публиката – 10%
За оценување на делата ќе се формира стручно жири кое ќе прогласи по 3 најдобри дела од секоја возрасна група. Публиката ќе може да гласа за објавените дела со кликање на копчето „Ми се допаѓа“ на делото кое ќе биде објавено на Фејсбук страната на Институтот за култура и уметност при МСУ. Коментарите и бројот на споделувања нема да бидат земени во предвид.
Возрасни групи на учесниците
- Од 5 до 7 години
- Од 8 до 11 години
- Од 12 до 14 години
- Од 15 до 17 години
Учесниците од здружениja на граѓани, клубови и дневни центри за лица со попреченост учествуваат без возрасни ограничувања.
До кога најдоцна може да се испратат делата?
Делата за конкурсот може да се испраќаат од 11.02.2022 до 04.03.2022 година.
Награди
Наградите се доделуваат по возрасните групи, секоја возрасна група има по 3 наградени дела.
Награди за возрасна група од 5 до 7 години
- 1 место – златна плакета, комплет за сликање и комплет од 6 смарт боенки
- 2 место – сребрена плакета, комплет од 6 смарт боенки
- 3 место – бронзена плакета, комплет од 3 смарт боенки
Награди за возрасна група од 8 до 11 години
- 1 место – златна плакета, комплет за сликање и комплет 6 книги (детска литература)
- 2 место – сребрена плакета, комплет од 5 книги (детска литература)
- 3 место – бронзена плакета, комплет од 3 книги (детска литература)
Награди за возрасна група од 12 до 14 години
- 1 место – златна плакета, комплет за сликање и комплет од 6 книги
- 2 место – сребрена плакета, комплет од 5 книги
- 3 место – бронзена плакета, комплет од 3 книги
Награди за возрасна група од 15 до 17 години
- 1 место – златна плакета, комплет за сликање и комплет од 6 книги
- 2 место – сребрена плакета, комплет од 5 книги
- 3 место – бронзена плакета, комплет од 3 книги
Сите учесници ќе добијат сертификат за учество на конкурсот.
Објавување на резултатите
Резултатите ќе бидат објавени на оваа страница на 12.03.2022 (сабота), најдоцна до 12:00 часот.

