Почитувани пријатели, љубители на здравиот творечки дух во областа на хуморот, сатирата и карикатурата.
Најавуваниот проект БАЛКАНиУМ, на Mеѓународниот Славјански Универзитет и Институтот за култура и уметност, стартува од 1 септември 2022 година, со претставување на својот Прв број.
„Балканиум“ – електронски весник за хумор, сатира, карикатура и општествена мисла, е место во кое ќе можете да најдете творби од познати македонски, балкански и светски автори. За наша и Ваша радост, веќе со појавата на пилот бројот и првиот број, ќе можете да се уверите за исклучително добрата соработка со елитните и познати домашни, европски и светски автори, кои со нескриено задоволство ја прифатија поканата да бидат наши соработници.
Воедно, ја користиме приликата да ги повикаме сите зинтересирани автори, а особено од младата студентска генерација, активно да се вклучат во работата на весникот и негово афирмирање, со доставување на своите творби. Квалитетот е единствено мерило за објавување во Балканиум.
Се надеваме на плодна соработка и појавување на нови имиња во хуморот, сатирата и карикатурата.
Ви посакуваме пријатни моменти прелистувајќи го Балканиум.
Главен и одговорен уредник
Васил Толевски



