На МСУ во Св. Николе се одржа конференција на тема „Предизвиците на новото работно законодавство и безбедноста и здравје при работа“.

На 23. април 2024 година Меѓународен Славјански Универзитет во соработка со Институтот за инженерска економија беше домаќин на значајна национална конференција на тема „Предизвиците на новото работно законодавство и безбедноста и здравје при работа“. Конференцијата беше организирана по повод 28. април, Светскиот ден на безбедност и здравје при работа.

Програмата на конференцијата беше отворена со поздравни говори од проф. д-р Јордан Ѓорчев – претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет; проф. д-р Лазар Јовевски – раководител на катедра по Трудово право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, проф. д-р Живко Митревски – претседател на Универзитетски сенат при Меѓународен Славјански Универзитет и проф. д-р Мевлудин Мустафи од Факултетот за правни науки при МСУ.



На конференцијата учество земаа професори и експерти од пракса од областа на правните науки и безбедност и здравје при работа. Присуствуваа претставници од Државен инспекторат за труд, како и нашите соработници и партнери од компаниите Витаминка, Кромберг и Шуберт и Premium Safety Solution.

Првата панел дискусија се фокусираше на предизвиците кои ги носи новото работно законодавство и влијанието на безбедноста и здравјето при работа, а модератор беше проф. д-р Иван Ефремовски, декан на Факултет за правни науки при МСУ. Во втората сесија се дискутираше за тековните предизвици во областа на безбедноста и здравјето при работа, а модератор беше проф. д-р Цветанка Митревска, декан на Факултетот за технички науки и информатика при МСУ.

Конференцијата претставува значаен момент за академската заедница и пошироката јавност, нагласувајќи ги напорите на универзитетот да придонесе кон подигањето на стандардите и безбедноста на работните места во земјата.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет