Проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска на 74. Конгрес на психолози на Србија

Деканката на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет и член на Управниот одбор на Комората на психолози на Република Македонија, проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска, учествуваше на 74. Конгрес на психолози на Србија, каде што за првпат беа собрани претставници на регионалните комори и професионални здруженија на психолози со цел размена на искуства и добри практики во областа на законската регулација на психолошката дејност.

Проф. д-р Слаѓана Анѓелоска беше панелист на тркалезна маса на тема „Можности и ограничувања на Законот за психолошка дејност: искуства од регионот“. На настанот учествуваа претставници од Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои ги споделија своите искуства во однос на регулирањето на професијата, професионалните стандарди, етичките прашања и улогата на коморите во заштитата и унапредувањето на психолошката дејност. Преставниците беа Бранка Ќаласан, Јосип Лопижиќ и Ремзија Шетиќ.

Во рамки на тркалезната маса се дискутираше за придобивките, предизвиците и недостатоците на законите за психолошка дејност и психотерапија, како и за нивната практична примена во различни земји од регионот.

Како што беше истакнато и на самиот настан, регионалната размена на искуства и соработка е од исклучително значење, бидејќи овозможува учење од различните модели на работа и придонесува кон понатамошен развој и унапредување на психолошката професија во регионот.



https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет