Проректорот проф. д-р Васко Стамевски учествуваше на Безбедносен форум во Загреб, Хрватска

Проф. д-р Васко Стамевски, проректор за меѓународна соработка при Меѓународен Славјански Универзитет учествуваше на 9. Меѓународен безбедносен форум во Загреб (Zagreb Security Forum) кој се одржа на 11 и 12 октомври 2024 година во Загреб.

Настанот, организиран од Институтот за истражување на хибридно војување, Асоцијацијата „Св. Ѓорѓи“ и Универзитетот за одбрана и безбедност „Д-р Фрањо Туѓман“, ги обедини највлијателните експерти од областа на безбедноста во Централна и Југоисточна Европа.



Форумот е како водечки годишен настан за размена на знаења и идеи за иднината на безбедносните односи, а темата годинава беше „Зајакнување на демократијата: Заштита на слободата и општеството“. Проф. д-р Стамевски активно учествуваше во дискусиите и работилниците заедно со претставници од над 25 земји-членки на НАТО алијансата и други земји, каде што беа споделени најновите сознанија и искуства за развојот на безбедносните стратегии во регионот.

На настанот присуствуваа околу 160 експерти од различни профили, од кои над 40% беа меѓународни учесници, со цел да се поттикне интернационална соработка и заеднички пристап кон предизвиците на безбедноста. Официјалниот јазик на форумот беше англиски, а присутните имаа можност за директна комуникација и онлајн поврзување со говорниците и публиката.

Присуството на проф. д-р Стамевски на овој реномиран настан претставува значаен придонес кон унапредување на меѓународната соработка на полето на безбедноста и потврда за посветеноста на Меѓународен Славјански Универзитет кон истражувањето.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет