HomeCategory

Култура

Во Киноверзум – 3D кино во Свети Николе на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се снимаше видеозаписот за инструменталната верзија на емотивната балада Мајко, како соработка помеѓу Гуру Харе и Мандолински оркестар Свети Николај од Свети Николе.  

Почитувани учесници, како што беше најавено, резултатите од Новогодишниот ликовен и фото конкурс ги објавуваме денес, на 31 декември. Пристигнаа 376 исклучително квалитетни ликовни дела, ракотворби и фотографии од талентирани сликари, ракотворци и фотографи од сите генерации. Поради големиот број квалитетни дела, наместо ветените 3 награди, комисијата одлучи да додели вкупно 35 награди и тоа:...

Актерот Дејан Лилиќ, режисерот Илија Пиперкоски и монтажерот Данчо Стефков вчера присуствуваа во Киноверзум на првото прикажување на филмот „Дедо и внук“ во нашето кино. По прикажувањето на филмот публиката имаше можност да се запознае со екипата на филмот. Филмот „Дедо и внук“ е семејна емотивна драма, огледало на секојдневниот живот на едно македонско семејство....

Денес во рамките на програмата Еразмус +, гости на Меѓународен Славјански Универзитет, во одделението во Битола, беа професори од Вишо училиште за агробизнис и развој на регионите од Пловдив. Тие во склоп на својата посета одржаа стручни предавања од областа на економијата со цел појаснување на банкарските системи во Бугарија. Еден од предавачите, проф. д-р...

Филозофското друштво на Р. С. Македонија и Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ заеднички во организираа филмско – филозофска вечер која се одржа како дел од 9-тиот ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ. На овој настан беше проектиран филмот „За телото и душата“ (On Body and Soul / Teströl és lélekröl, 2017) во режија на Илдико Ењеди /...

Денес, на Меѓународен Славјански Универзитет студентите од Факултетот за театарски уметности од класата на професор Мето Јовановски и асистент Магдалена Ризова при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТТА го играа својот испит пред публиката.

На 24-ти мај беа доделени наградите од Конкурсот за средношколски есеи организиран од Институтот за култура при Меѓународен Славјански Универзитет. Првото место припадна на ученичка од Прилеп. Доделувањето на наградите се одржа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе. Опфатени беа повеќето училишта за средно образование од земјава. Сите пристигнати есеи се...

Во амфитеатарот на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола се одржа промоција на книгата „Основи на WEB технологии“ од проф. Д-р Хаџиб Салкиќ. За книгата зборуваа Доц. Д-р Жанета Сервини и проф. Д-р Махир Зајмовиќ. Книгата е издадена годинава и има за цел да  ги покаже можностите за користење на веб-технологиите од ова...

Четири студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во периодот од 17 до 30 јули ја посетуваат меѓународната летна школа за млади „Нашето единство е во нашата разновидност“ на Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ во Тамбов, Русија. Во македонската делегација се и двајца претставици од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. 200 учесници...

Вечерва во Китен, Бугарија започна 8-миот меѓународен фестивал „Друзья, прекрасен наш союз!“ кој ќе трае до 15-ти септември! Петта година по ред на фестивалот учество зема 7-члена екипа од нашиот универзитет заедно со студенти од Турција, Тунис, Јапонија, Виетнам, Индонезија, Романија, Таџикистан, Србија, Бугарија, Русија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Грција, Италија, Латвија, Молдавија,...

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет