Се одржа предавањето на тема „Креативниот и иновативниот потенцијал во функција на лидерството“ од Летната лидерска школа

„Креативниот и иновативниот потенцијал во функција на лидерството“ беше второто предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД – Штип.

„Креативниот и иновативниот потенцијал во функција на лидерството“ се одржа на 9 јуни 2021, со почеток од 20:00 часот и имаше над 350 учесници, а предавач беше проф. д-р Јулијана Силјаноска, продекан за настава на Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Заеднички, преку примери, дискутиравме на следниве теми:

  • креативност
  • генерирање идеи
  • иновации
  • иновативност во организациите
  • истражување и развој


Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Повеќе информации за следните вебинари можете да дознаете на веб страницата на Летната лидерска школа.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет