Успешно завршија Деновите на психологија на МСУ

Во вториот дел на Деновите на психологијата беа вклучени две интерактивни работилници. Работилниците ги одржаа:
 
• проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, професор на Факултет за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ со работилница на тема „Ајде да проговориме за oна што е присутно со своето неприсуство“ и
• Татјана Алексиќ, професор во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје со работилница на тема „Сексуална интелигенција”.



Се одржа и проекција на документарниот филм „Патот на дервишите“ – автор, сценарист и режисер проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, МАКРО С ФИЛМ ПРОДУКЦИЈА 2015. Филмот е научно-истражувачки проект кој говори за психолошката симбиоза на одредена група на индивидуи и нивниот пат, или тарикат, прикажувајќи ни човекот како културно и социјално битие, неговата личност, сплетот на верувањата на одредени етникуми, обредната практика што со векови ја чуваат како најголемо културно наследство, нивната (не)поврзаност, сличностите и за разликите, за сето она што ги зближува, поврзува, преклопува или што ги дистанцира.

Сликарот и хуманист Живко Поповски Цветин ги овековечи работилниците со фениксите за да не потсети дека „Крајот не значи вистински крај, туку секој крај означува нов почеток“. За време на кафе паузите посетителите имаа можност да ги збогатат нивните домашни библиотеки со изданија од повеќе издавачки куќи во земјава.



За посета на нашиот настан сите учесници добија и сертификат за учество.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет