Вработени од МСУ како дел од проектот „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“ АЛТЕР ТРИП

На 15 и 16 мај 2023 година во Солун, Грција, се одржа дводневна обука како дел од проектот „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“ АЛТЕР ТРИП кој се имплементира во рамките на ИПА Интеррег програмата за прекугранична соработка.

Викторија Велкова како претставник од Канцеларијата за меѓународни односи при Меѓународен Славјански Универзитет и претставник од Mayberry Lake – Претор кој е во сопственост на МСУ, присуствуваше на обуката во Солун, на покана на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен, Мобилност – Битола. Стекнатите знаења и искуства ќе придонесат за подобрување на пристапноста во Mayberry Lake, но исто така ќе ја унапредат и работата со Еразмус+ проектите преку Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ.

Главната цел на проектот АЛТЕР ТРИП е да мотивира трансформација на една територија во пристапна и инклузивна туристичка дестинација, и да го поддржи одрлжливиот развој на туризмот на културното и природното наследство преку граничниот регион. Главната придобивка што произлезе од имплементацијата на проектот е подобрување на привлечноста на туристичкиот производ со создавање на разнолик и повеќесезонски производ во прекуграничниот регион, фокусирајќи се на компаративните предности на руралните средини кои привлекуваат лица со попречености и лица со намалена подвижност и нивните семејства.


https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет