Започна Третиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Филозофското друштво на Македонија од 4-ти до 6-ти октомври во Македонија се одржува Третиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“.

Годинешна тема на собирот е „Филозофија на образованието и филозофија во образованието“. На овој настан замаат учество истакнати академици, професори и филозофски истражувачи од Франција, Русија, Србија и Македонија. Дијалогот се одржува во три македонски градови: Скопје, Битола и Охрид.

Отворањето се одржа во МАНУ на 4-ти октомври, со почеток во 12 часот.

На 5 октомври (четврток) дијалогот продолжува во Битола, во просториите на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин, со почеток во 11 часот. Собирот завршува на 6 октомври (петок) во Охрид, во Куќата на Уранија, со почеток на последната сесија во 11 часот.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет