ИНСТИТУТ за култура и уметност

при МСУ

Дознај повеќе

Меѓународен Славјански Универзитет Г. Р. Державин

Институт за култура и уметност

Основан од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Институтот за култура и уметност постои од 2011 година и од своите почетоци па сé до денес може да се истакне со остварени голем број активности.

Претежна дејност на Институтот за култура и уметност и неговата основна функција е научно-истражувачката и едукативната дејност, дејностите од областа на културата и уметноста, издавачката дејност, како и афирмација на творечките вредности создавани во наставно-научниот процес на МСУ. 


Esenski-boi-na-Makedonija-1

Повеќе од 100 настани годишно

Настани

За сите генерации

Креативни работилници

Заедно со професорите од Меѓународен Славјански Универзитет Г. Р. Державин и Здружението на студенти на МСУ организираме креативни работилници за ученици и студенти на теми поврзани со маркетинг, психологија, уметност, музика итн.

Литературни, ликовни и фото конкурси

Во нашата годишна програма имаме вклучено конкурси за сите генерации. Конкурсот за средношколски есеи го организираме заедно со официјалната издавачка куќа на МСУ - Меѓународен центар за славјанска просвета, а заедно со МСУ и Здружението на студенти на МСУ организираме ликовни и фото конкурси на социјалните мрежи. Конкурсот за афоризам и карикатура Јас, Итар Пејо е наменет за професионални карокатуристи и афористичари.

Филм

Во 2019 година го отворивме првото универзитетско 3D кино во земјава - Киноверзум. Со капацитет за публика од приближно 300 седишта, Киноверзум има редовен репертоар и 2 до 3 проекции на дневно ниво. 

Изложби

Досега на МСУ имаме отворено голем број на изложби од уметници од повеќе земји. Организираме и ликовна колонија на која гостуваат уметници кои работат не само во земјата, но и во странство.

Музички настани

На МСУ се имаат одржано концерти на познати македонски музичари и пејачи, но исто така се одржуваат и настани на кои гостуваат музичари од други земји - Русија, Бугарија, Србија...

Театар

Заедно со Здружението на студенти на МСУ и Градскиот аматерски театар Сцена 71 имаме подготвено над 15 театарски претстави во последните неколку години. Претставите се играат во големиот амфитеатар на МСУ во Свети Николе, пред публика од речиси 300 луѓе. Самостојно го организиравме и  меѓународниот театарски фестивал Билазора.

Дознајте први

за нашите настани

DSC_1221
Следете нè на социјалните мрежи

Сите настани ги објавуваме на нашите профили на социјалните мрежи.