Рускиот хор кој гостуваше на Славјански ја воодушеви светиниколската публика

Во саботата, 25-ти октомври 2014 год со почеток од 18:00 часот, светиниколската публика ја имаше ретка можност да ги слушне најпопуларните руски песни и романси во големиот амфитеатар на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе испеани од Хорот на Валаамскиот манастир од Русија. Хорот е на неговата прва турнеја низ Македонија и досега ги посети Прилеп, Битола и Свети Николе, а денес ќе настапи во Скопје.

DSCN4171 DSCN4150 DSCN4135DSCN4122

Свечениот машки хор на Валаамскиот манастир од Русија, во прекрасниот и преполн амфитеатар на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе, одржа концерт на духовна музика кој многубројната публика ќе го памети како исклучителен музички и културен настан. По многу нешта единствен, а пред се по квалитетот на вокалите и по стилот на исполнување на песните, кои се дел од богатата православна црковна и духовна ризница, овој хор ги исполни срцата и душите на публиката со целовечерниот концерт.

DSCN4079 DSCN4110

Во составот на хорот влегуваат познати професионални музичари од Санкт Петербург, дипломци на Санктпетербуршката хорска школа во Државната академска капела “М.И.Глинка” и Санктпетербуршкиот државен конзерваториум, „Н.А.Римски-Корсаков”, Владимир Милер (бас-профундо), солист на Бољшој театар, Михаил Круглов, (бас-профундо), Дмитриј Попов (контра-тенор), Александар Бордак (тенор), како и други дипломирани и афирмирани пејачи, а со хорот диригираше Алексеј Жуков.

1383152_999262280100484_3048282095651635673_n 1 DSCN4116

Она што буквално ја крена публиката на нозе беше моментот кога хорот започна со изведбата на „А бре, Македонче“. Прекрасната изведба на оваа македонска песна беше проследена со громогласен аплауз од страна на публиката.

01

Покрај настапот на хорот, истата вечер во Меѓународниот Славјански Универзитет – Свети Николе беше отворена и изложбата насловена „Светски пожар“, посветена на 100-годишнината од Првата светска војна, а изготвена од Здружението на Руската дијаспора во Македонија.

DSCN3984 DSCN3959 DSCN4028 DSCN4031 DSCN3956

На манифестацијата беше присутен и Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија, Н. Е. Олег Шчербак, како и проф. д-р Ирина Бондар, претставник на Северо-Кавкаскиот Федерален Универзитет од Русија.

DSCN424-2

previous
Руски хор гостува во Свети Николе

Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/msuedumk/public_html/kultura.msu.edu.mk/wp-content/themes/celeste/views/prev_next.php on line 36
next
Посета на Корча
https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет