Руски хор гостува во Свети Николе

Во сабота, 25-ти октомври 2014 год со почеток од 18:00 часот, светиниколската публика ќе има ретка можност да ги слушне најпопуларните руски песни и романси во големиот амфитеатар на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе испеани од Хорот на Валаамскиот манастир од Русија.

1535508_872284026115678_4190987621397414556_n

Во составот на хорот влегуваат познати професионални музичари од Санкт Петербург, дипломци на Санктпетербуршката хорска школа во Државната академска капела “М.И.Глинка” и Санктпетербуршкиот државен конзерваториум, „Н.А.Римски-Корсаков”, Владимир Милер (бас-профундо), солист на Бољшој театар, Михаил Круглов, (бас-профундо), Дмитриј Попов (контра-тенор), Александар Бордак (тенор), како и други дипломирани и афирмирани пејачи, а со хорот ке диригира Алексеј Жуков.

Ова е единствен и редок културен настан кој вреди да се проследи.

Покрај настапот на хорот, истата вечер во Меѓународниот Славјански Универзитет – Свети Николе ќе биде отворена и изложбата насловена „Светски пожар“, посветена на 100-годишнината од Првата светска војна, а изготвена од Здружението на Руската дијаспора во Македонија. 

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН.

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет