Амбасадорот на Шведска, Н. Е. Матс Стефансон, ја отвори изложбата „Пристапност“ на Славјански во Св. Николе

По повод успешната соработка помеѓу Амбасадата на Кралството Шведска во Р. Македонија, Извидничкиот одред „Гоце Делчев“ – Св. Николе и Општина Св. Николе, денес Амбасадорот на Шведска, Н. Е. Матс Стефансон гостуваше на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
 
По тој повод, Н. Е. Матс Стефансон ја отвори изложбата „Пристапност“ за граѓаните на Св. Николе.
 
Амбасадата на Кралството Шведска во соработка со Шведскиот институт во Св. Николе ја подготви изложбата „Пристапност“, која се состои од портрети на лица со посебни потреби од Шведска и од Македонија.
 
Портретите ги презентираат приказните и успесите на лицата со посебни потреби од овие две земји.
 
Изложбата беше посетена и од децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби од Св. Николе, како и членовите на Извидничкиот одред „Гоце Делчев“.

Leave a Reply

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет