Штип: МСУ дел од Д Фестивал 2026 во Штип

Меѓународен Славјански Универзитет и оваа година е дел од Д Фестивал, еден од најголемите летни музички фестивали во Македонија, што од 10 до 12 јули се одржува во Штип и обединува илјадници посетители од целата држава.

Со свој промотивен штанд поставен пред влезот на фестивалот, посетителите имаат можност да се информираат за студиските програми, условите за студирање, стипендиите и за можностите, што ги нуди нашиот универзитет.

Д Фестивал и оваа година го претвори градскиот стадион во Штип во центар на музичките случувања, со богата музичка програма, повеќе фестивалски сцени, креативна зона и камп за посетителите коишто сакаат целосно да го доживеат фестивалскиот дух. Организаторите најавија дека ова е едно од најдобрите изданија досега, а првата фестивалска вечер помина во одлична атмосфера со настап на популарен македонски музички бенд.

Присуството на Меѓународен Славјански Универзитет на Д Фестивал претставува уште една одлична можност за директна комуникација со идните студенти коишто на едно место можат да ги добијат сите информации за студирањето и нивниот професионален развој.

Меѓународен Славјански Универзитет и ова лето ќе продолжи да биде присутен на летните настани кадешто се присутни младите, бидејќи нашето мото е  „Образование за новата генерација“.


Leave a Reply

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет