Црна Гора: МСУ на промоција на книга на Дадо Топиќ

Како претставници на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет, Михаела Ѓорчева и Иван Спасев присуствуваа на промоцијата на новите книги на легендарниот хрватски кантавтор и еден од најпознатите рок-вокалисти од поранешна Југославија, Дадо Топиќ, како и на познатиот кантавтор Срѓан Марјановиќ.

Настанот се одржа во живописната Пјесникова Долина, во близина на величествениот кањон на реката Тара во Црна Гора, собирајќи бројни уметници, писатели и љубители на литературата, музиката и културата.

За Македонија, Дадо Топиќ има посебно значење преку својата легендарна песна „Македонија“, која и денес буди емоции и поврзува генерации. Песната беше изведена во рамки на програмата на настанот.

Присуството на вакви културни настани е можност за зајакнување на меѓународната соработка и промоција на вредностите што ги негува Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет.

Благодарност до организаторите за поканата и топлото гостопримство.



Leave a Reply

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет