На 22.04.2026 година, на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе, Здружението Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе одржа работилница со студенти на тема „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.
Работилницата претставуваше значајна можност за отворање конструктивна дискусија за здравствените права на граѓаните, поимот корупција во здравството, начините за нејзино препознавање и охрабрувањето на граѓаните да кажат „НЕ“ доколку се соочат со такви ситуации. Дополнително, беше посветено внимание на процедурите за пријавување корупција и институционалните механизми за заштита.
Преку интерактивна дискусија, студентите активно учествуваа, споделуваа мислења и предлагаа решенија насочени кон поголема транспарентност и отчетност во здравствениот систем.
Со поддршка на вакви иницијативи, Меѓународен Славјански Универзитет ја потврди својата посветеност кон развој на општествената одговорност, градење критичка мисла кај младите и поттикнување позитивни промени во заедницата.
Проектот го спроведуваше Граѓанска иницијатива на жени Свети Николе во партнерство со Здружението Еманципација, Солидарност и Еднаквост – ЕСЕ, со поддршка на Фондот за борба против корупција, имплементиран од Expertise France и финансиран од Француската агенција за развој.


