Гешталт терапијата како уметност на живеењето – инспиративно предавање на Меѓународен Славјански Универзитет

На 6 мај 2026 година, Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на инспиративно и интерактивно предавање на тема „Гешталт терапија – уметност на живеењето и психотерапевтски метод“, кое предизвика голем интерес кај студентите и љубителите на психологијата.

Предавањето го одржа Вера Димовска, гешталт психотерапевт, која преку динамична презентација и практични согледувања ја доближи суштината на гешталт терапијата како современ пристап кон личниот развој, свесноста и квалитетната комуникација.

На настанот присуствуваше и декан на Факултетот за психологија, проф. д-р Слаѓана Ангелкоска, која заедно со студентите активно се вклучи во дискусијата и придонесе кон позитивната и инспиративна атмосфера.

Големиот интерес и бројната посетеност уште еднаш потврдија дека студентите на Меѓународен Славјански Универзитет се силно насочени кон современи теми, личен развој и практични знаења кои имаат реална примена во професионалниот и личниот живот.



https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет