HomeAuthor

AdminLQ

Прв новогодишен аматерски (младински) турнир во ШАХ во Битола Меѓународниот Славјански Универзитет е организатор на дводневен аматерски шаховски турнир (швајцарски систем) со стручна помош на членови од битолскиот шаховски клуб. Турнирот ќе се одржи на 23 и 24 декември 2016 во големата конференциска сала на нашиот универзитет во Битола (поранешен ресторан Фелиција). Линк до настанот на...

Нашата група „Державинци“, како една од 22 наградени групи, денес настапи на гала-концертот од фестивалите за воени песни „Алёша“ и „Серебряные жаворонки“ кои се одржуваат во Софија. Помеѓу наградените, имаше и музички групи и солисти од Куба, Русија, Казахстан, Молдавија, Бугарија и Украина. Првиот круг на фестивалите се одржа во Софија и заедно имаа повеќе...

Денес во конференциската сала на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе беше промовирано најновото издание од нашата официјална издавачка куќа Меѓународен Центар за Славјанска Просвета – збирката поезија „Од душата’ „Од душата“ е првенец, двојазично поетско дело на Оливера Трајковска. Песните се оригинално напишани на македонски јазик, а преведени на руски јазик...

„Одам на лов“ – комедија во три чина подготвена од Градски аматерски театар „Сцена 71“, Свети Николе во режија на Слободан Елисеев вечерва беше прикажана во преполниот амфитеатар на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе. Градски аматерски театар „Сцена 71“, Свети Николе годинава слави 45 години од своето постоење. Како благодарност за...

Нашиот студент и успешен параглајдерист Борјан Јованоски повторно се искачи на пиедесталот – овој пат на натпреварот во прецизно слетување кој се одржа во Драма, Грција. Борјан го освои Првото место со 18 негативни поени, во конкуренција од триесетина натпреварувачи од 3 различни земји. Иако условите на почетокот на натпреварот не беа најсоодветни, сепак Борјан...

Раководителот на Центарот за меѓународни односи при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, м-р Јасмина Пресилска, учествуваше на првиот меѓународен Форум на млади франкофони, избрани од страна на Министерството за надворешни работи на секоја од земјите учеснички. Форумот се одржа во Софија, Бугарија, а учествуваа 70 претставници од Молдавија, Ерменија, Бугарија, Романија, Македонија, Албанија и...

Викендов група студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ под името „Державинци“ учествуваше на два фестивали за антифашистички песни во Бугарија. Фестивалите насловени „Серебряные жаворонки“ и „Алёша“ се одржаа во Софија и заедно имаа повеќе од 1300 учесници од Бугарија, Русија и Молдавија. Нашите „Державинци“ беа единствената група која настапи од Македонија. Тие пееја...

Од 7-ми до 9-ти октомври, екипа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ учествуваше на меѓународен фестивал посветен на здравјето кој се одржа во Србија. Четириесетина екипи од Србија, Словенија и Македонија готвеа јадења карактеристични за нивниот крај. На фестивалот, наречен „Здрав Фест“, учесниците се натпреваруваа во пет категории, зависно од видот на храната која...

Денес со почеток од 18:00 часот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе се одржа свеченост по повод Националниот празник на Народна Република Кина, во организација на Друштвото за македонско-кинеско пријателство – Скопје и неговиот разгранок во Св. Николе. На свеченоста присуствуваше и ВД Амбасадорката на НР Кина, Хуа Јафанг. Северно Mакедонската...

Од 19-ти септември во Камчија (близу Варна) започна петтиот Европски фестивал на студенти кои го изучуваат рускиот јазик «Друзья, прекрасен наш союз!». Учество земаат повеќе од 300 учесници од 18 земји од Европа. 2016 година е година на киното во Русија и по тој повод организаторите на фестивалот решија да стават акцент на руската кинематографија....

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет