Новогодишен аматерски турнир во ШАХ

Прв новогодишен аматерски (младински) турнир во ШАХ во Битола

Меѓународниот Славјански Универзитет е организатор на дводневен аматерски шаховски турнир (швајцарски систем) со стручна помош на членови од битолскиот шаховски клуб. Турнирот ќе се одржи на 23 и 24 декември 2016 во големата конференциска сала на нашиот универзитет во Битола (поранешен ресторан Фелиција).

Линк до настанот на Facebook.

Турнирот е наменет за млади лица од 15 до 24-годишна возраст.

Награди: 

Најдобрите тројца шахисти ќе ги добијат следниве награди:

1 место: ЛАПТОП + награда изненадување од поддржувачите на турнирот.
2 место: ТАБЛЕТ  + награда изненадување од поддржувачите на турнирот.
3 место: ШАХОВСКИ СЕТ  + награда изненадување од поддржувачите на турнирот.

shahovski-png-medium

Програма:

  • Натпреварувачки дел:
    23.12.2016 (петок) – почеток во 12.00 часот
    24.12.2016 (сабота) – почеток во 12.00 часот
  • Tеоретски и практичен дел:
    23.12.2016 (петок) – почеток во 18:00 часот
    теоретски дел: „Анализа на познати шаховски партии“;
    практичен дел: „Технички на отворање, одбрана и напад“
  • Симултанка:
    24.12.2016 (сабота)
     – почеток во 14:00 часот
    (најдобрите 10 натпреварувачи на турнирот ќе одиграат симултан натпревар со битолскиот велемајстор Влатко Богдановски)

Пријавување:

  1. Право на учество имаат млади луѓе на возраст од 15 до 24 години.
  2. Рок на пријавување: 20 декември 2016
  3. Котизација за учество – 100 денари за два дена. Во котизацијата се вклучени закуски и пијалоци во текот на двата дена.
    Сметка за уплата: Примач: ПВУ МСУ, Сметка: 320-1000028568-45, Банка: ЦКБ. На уплатницата задолжително треба да биде наведено името на учесникот кој се пријавува за турнирот.
  4. Пријавувањето се врши со пополнување на следната апликација

[iphorm id=”6″ name=”Шаховски”]

 

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет