На МСУ прославен рускиот празник Масленица


Денес на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе се одржа Масленица, однoсно руска Прочка.

Масленица претставува славење на новиот живот, будење на природата, доаѓање на сончевата топлина. На трпезата традиционално се нудат палачинки кои го претставуваат сонцето, а од тој ден во православниот свет започнуваат постите како најава за големиот христијански празник Велигден.

Годинава овој празник беше прославен со проекција на рускиот комичен филм „Слуга“, со палење на сламената кукла која ја симболизира старата година и со традиционално подготвени палачинки.

Со свој поздравен говор се обрати и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Неговата Екселенција Сергеј Баздникин.



 

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет