Нашиот студент Дарко Илиевски со престижното второ место на Макфест 2014

Со гордост ви соопштуваме дека нашиот студент Дарко Илиевски го освои престижното второ место на финалната вечер на Макфест 2014, која се одржа на 7-ми јуни, сабота.

На фестивалот тој се претстави со прекрасната песна „Кога најмногу ми требаш“, која не помина незабележано кај публиката. Тргнувајќи од добро осмислената песна напишана од Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска, интерпретацијата, па се до сценскиот настап , кој сам по себе беше уникатен и допадлив, можеме да кажеме дека Дарко ја воодушеви македонската јавност.

Му честитаме на Дарко за овој голем успех и му посакуваме многу успешна кариера. Дарко, горди сме на тебе!

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет