Почитувани студенти,
Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет објавува повик за младинска размена во Романија за Еразмус+ проектот насловен “Tolerance and Harmony Through Film and Photography”.
Младинската размена ќе започне на 22 август 2021, а ќе трае до 31 август 2021.
Организатор на младинската размена е CENTRUL DE RESURSE PENTRU REGENERARE URBANA од Темишвар, Романија.
Овде преземете го документот со информации.
Колку учесници се потребни?
Потребни се вкупно 7 учесници.
Учесниците можат да бидат на возраст од 18 до 24 години и треба да имаат познавање на англиски јазик.
До кога е пријавувањето?
Можете да се пријавите најдоцна до 16 август 2021.
По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.
Што е обезбедено?
- Трошоците за сместување се покриени за сите учесници за времетраење на младинската размена (La Padure Hostel, Brebu, Romania). Собите се 2-4 креветни. Секоја соба има сопствен тоалет.
- Патните трошоци се покриени.
Како да аплицирате?
Пополнете ја формата во прилог и ние ќе Ве контактираме наскоро.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на info@zs.msu.edu.mk
[quform id=”37″ name=”Пријавување за учество во проект во Романија”]

