Пријава за уметничка работилница: „Зимска бајка“

Доколку отсекогаш сте сакале да насликате зимски пејзаж, ова е вистинската работилница за вас. Институтот за култура и уметност при „Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ја организира уметничката работилница „Зимска бајка” на која можете да научите како да насликате зимски пејзаж на платно со акрилни бои.

Работилницата е организирана во рамки на Новогодишниот фестивал и базар кој ќе се одржи на МСУ од 23 до 25 декември 2021. Работилницата „Зимска бајка“ е за возрасни и ќе се одржи во ресторан „Златна Москва“ – Свети Николе на 24 декември (петок). Почеток на работилницата – 19:00 часот.

Работилницата ќе трае 2 часа, а ќе ја води Викторија Егорова, професионален (стручен) ликовен уметник, академска сликарка.



Што е вклучено?


Во работилницата е вклучено:

  1. Платно со димензија 40х30 цм.
  2. Акрилни бои, сет четки, тегли за вода
  3. Бришачи, влажни марамици, престилки
  4. Штафелаи за на маса
  5. Вечера во ресторан „Златна Москва“
  6. Сертификат за посета на работилницата.

Цена на учество: 1590 денари.


За инструкторот


Викторија Егорова е професионален (стручен) ликовен уметник, академска сликарка, доктор на психолошки науки, насока – психологиjа на личноста. Професорка на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев” (Штип). Основач, раководител и наставник во Образовен центар за класична ликовна уметност „Да Винчи“ (Скопје). Нејзините слики се наоѓат во приватните и јавни колекции во Р. Северна Македониja, Русија, ЕУ, САД и Кина.


Пријавување


За да се пријавите за работилницата, Ве молиме пополнете ја формата подолу. Нашиот тим ќе Ве контактира и ќе Ви даде повеќе информации во врска со работилницата, начинот на плаќање и подготовката.

[quform id=”46″ name=”Работилница „Зимска бајка“”]

Leave a Reply

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет