Промовирана збирката афоризми „Сизифе, смени го врвот“ на МСУ во Свети Николе

На 26 мај 2021 година во библиотеката на Меѓународнен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржа промоција на книгата афоризми „Сизифе, смени го врвот“ од македонскиот афористичар Димитар И. Вилазорски.

Издавач е официјалната издавачка куќа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Меѓународен центар за славјанска просвета. Изданието претставува збирка на афоризми на тема „Сизиф“ од околу 60 еминентни афористичари од бившите југословенски републики и од некои соседни земји. Бидејќи, најмногу од нив се од српското говорно подрачје, книгата е отпечатена двојазично – на македонски и на српски јазик.

Промотори на книгата беа македонскиот афористичар Васил Толевски и македонскиот писател Љупчо Силјановски.



Во книгата има и „2 во 1“ афоризми со членовите на Афористичката репрезентација на Македонија: Васил Толевски, Јане Атанасов, Љупка Цветанова, Љупчо Силјановски, Марјан Анѓеловски и Миле Ѓорѓијоски. Станува збор за едно необично, оргинално издание, во кое што авторот и составувачот на оваа „сизифијада“ соединува два афоризми во еден… нешто со што се занимава 10 години, по што е единствен.

 

 

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет