Прво место за нашиот параглајдерист Борјан Јованоски во Грција

Нашиот студент и успешен параглајдерист Борјан Јованоски повторно се искачи на пиедесталот – овој пат на натпреварот во прецизно слетување кој се одржа во Драма, Грција.

Борјан го освои Првото место со 18 негативни поени, во конкуренција од триесетина натпреварувачи од 3 различни земји.

Иако условите на почетокот на натпреварот не беа најсоодветни, сепак Борјан успеа да биде на врвот од ранг листата.

Сезоната на натпревари полека завршува, а оваа сезона Јованоски ќе ја памети по многубројните успеси остварени на натпревари низ Европа. Пред околу месец и половина тој го освои второтo место на натпреварот во Перник, Бугарија.

Во тек се подготовките за наредната година, кога треба да се одржи и Светското првенство во Албанија.

Се надеваме дека нашиот параглајдерски амбасадор ќе го даде својот максимум за претставување на државата во најдобро светло, а шансите Р. Македонија добие медал од Светско првенство се огромни, бидејќи Јованоски во моментов доминира на врвот од Светската ранг листа.

15036581_1363497170327692_318015448470413923_n 14947848_1363497166994359_6621721278462254995_n 15027600_1363497023661040_3498628921993771359_n

Leave a Reply

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет