Со свечен концерт на МСУ мандолинскиот оркестар „Св. Николај” прослави 20 години од основањето

Во големиот амфитеатар на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе се одржа концерт во чест на дваесетгодишнината од формирањето на мандолинскиот оркестар „Св. Николај”. Настанот привлече бројна публика и гости од соседна Бугарија, кои ја збогатија музичката програма со своите настапи. Во преполната сала на универзитетот се чувствуваше вистинска уметничка магија, додека оркестарот и гостите ги изведуваа своите дела.

На настанот Меѓународен Славјански Универзитет доби благодарница за успешната соработка, што претставува значајно признание за поддршката и посветеноста во одржувањето на ваквите културни манифестации. Меѓународен Славјански Универзитет останува посветен на унапредување на културниот живот во заедницата и поддршка на значајни уметнички настани.



 

Leave a Reply

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

https://kultura.msu.edu.mk/wp-content/uploads/logo-kultura-msu-web-1.png

Социјални мрежи:

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет

Институт за култура и уметност.

Меѓународен Славјански Универзитет