Background image

За да бидам вистински дел од тебе, дај ми и ти дел од себе - општество мое ...

Партнери

Согледувајќи ги заедничките цели и задачи кон кои парнерските организации се насочени, и тоа намалување на економските, социјалните, образовните и културните разлики во општеството, преку обезбедување високо ниво на истражувања и експертиза за локалните и регионалните чинители во областа на општествениот развој како граѓани со исти човекови права се наметнува наше вклучување не само временски додека трае проектот, туку да дадеме наш придонес за континуитет и одржливост на ваквите проекти кои водат кон подобрување на граѓанското општество на сите нивоа (хоризонтални и вертикално).

Нашата интенција воедно вклучува еквивалентност во методологијата и избраните методи кои се дизајнирани и договорени со партнерите врз основа на професионално, практично искуство на секој од партнерите и реалните потреби на целната група, со што се обезбедува успешно спроведување на сите активности на проектот.

На тој начин партнерството обезбедува зајакнување и одржливоста на проектот, бидејќи создава нови бази за создавање на модел со можност за комбинирање на најдобрите практики потребни на локално и регионално ниво, на своевиден начин ќе има одраз и на глобално ниво. Проектното партнерство е структурирано со цел да се осигура дека најдобрите практики, искуство, модели и научени лекции можат ефективно и ефикасно да се прилагодат за развој на одржлив пристап за имплементација на проектот.