Image

Цели на проектот

Основна цел:

Да се промовираат и зајакнат интересите на жените од руралните заедници со цел да се создадат родово сензитивните политики во планираните региони, вклучувајќи и партнерски односи со други здруженија, а особено со локалните заедници со цел да се овозможи технолошки и општествен развој, како и будење на екосвест за зачувување на животната средина преку мапирање на културните пејсажи.

Специфична цел:

Руралната жена да го развие чувството за сопствен патоказ кон самоактуализација, со цел да се вклучи во развојот и проширувањето на економските трендови, преку перцепирање на улогата на домашната култура, како индикатор во прилагодувањето на жената од руралните заедници кон моделите од секаков карактер во општеството.

Достоен живот на жените во руралните средини како дел од граѓанското општество, во сите сфери на јавниот живот во однос на досетување, делување, доживување и добробит за целокупноста на заедницата, регионот итн.

Преку воспоставување на механизми за соработка и иницирање на широк спектар на делување меѓу релевантите актери на локално ниво во сите предвидени региони да се овозможи чувство за вклученост во граѓанскиот сектор, бизнис асоцијациите итн. за еднакви можности на локално, регионално и национално ниво.